На денешното рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска презентираше неколку сета снимки од надзорни камери. Снимките, прикажани на два големи екрани, го следат движењето на обвинетите и возилата, поврзани со трагичните настани.
Презентирани сними како докази за двојното убиство: Видеозаписи од бензинската пумпа
Првиот сет снимки, направен на 27 ноември 2023 година, покажува како обвинетиот Влатко Кешишов полни гориво во пластично шише на бензинската пумпа „Макпетрол“ кај Транспортниот центар, во близина на седиштето на партијата „Десна“.
Како што објасни обвинителката, времето на снимката е околу 5:30 часот наутро, а Кешишов е облечен во црна јакна и црна капа. Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо вложи приговор, прашувајќи како судијата утврдил дека лицето на снимката е Кешишов.
Ова е денот кога Вања Ѓорчевска е киднапирана и убиена.
Следење на движењето на „рено кангу“
Другите видеоснимки го следат движењето на возилото „рено кангу“, кое, според обвинението, дента било управувано од Палевски. Презентираните видеа покажуваат траекторија од Центар кон Аеродром, со точни временски забелешки:
- 5:37:32 часот – раскрсница на булевар „Јане Сандански“ со улица „Васко Карангелевски“.
- 5:39 часот – раскрсница на булевар „АСНОМ“ и булевар „Србија“.
„Во 5:37:32 часот, возилото ‘рено кангу’ е забележано како минува низ раскрсницата на булеварот ‘Јане Сандански’ и улицата ‘Васко Карангелевски’, продолжувајќи кон хотелот ‘Русија’. Две минути подоцна, во 5:39 часот, возилото е евидентирано на раскрсницата помеѓу булеварот АСНОМ и булеварот ‘Србија’, потврди обвинителката
Ова е истиот ден кога Вања е киднапирана и убиена.
Снимки од „мерцедес“ и „цитроен“
Обвинителката презентираше и видеозаписи од возилото „мерцедес“, сопственост на Велибор Манев, направени на 20 ноември 2023 година, каде се гледаат две лица.
Посебно внимание привлекоа 11 снимки од „цитроенот“ што припаѓал на Панче Жежовски.
На снимките од 24 ноември 2023 година, обвинетите, според обвинението, имале намера да ја киднапираат Вања, но се откажале поради метеж во сообраќајот.
Рутата на „цитроенот“
Обвинителството го презентираше движењето на „ситроенот“ на 24 ноември, кое ја следи следната рута:
- 6:36 часот – улица 102 во Маџари.
- Преку Трингла и булеварот кај ТЦ „Мавровка“.
- 6:40 часот – булевар „Илинден“, пред зградата на Вања Ѓорчевска.
Истата рута била користена и на 27 ноември, кога Вања е грабната.
На двата дена, 24 и 27 ноември,
„Во 6:33 часот, возилото е забележано како се вклучува од мостот ‘Гоце Делчев’. Снимката означена како број 8 го прикажува возилото ‘ситроен’ како застанува на семафорите кај крстосницата во близина на Владата. Во следната снимка, означена како број 9, ‘ситроенот’ се гледа како во 6:35 часот ја преминува крстосницата и продолжува кон булеварот ‘Климент Охридски’. Потоа возилото стигнува до крстосницата со булеварот ‘Партизански одреди’, од каде што се движи кон улицата ‘Орце Николов’, кај бензинската пумпа на ‘Макпетрол’. Снимката број 11 го покажува возилото на крстосницата на булеварот ‘Илинден’ со улицата ‘Наум Наумовски Борче’. Се забележува како навлегува од улицата ‘Михаил Цоков’, накратко запира кај хотелот ‘Парк’, а потоа продолжува до улицата ‘Наум Наумовски Борче’, каде што се наоѓа зградата на оштетената Вања Ѓорчевска. Овој момент е забележан во 6:37 часот,“ објасни обвинителката.
На 27 ноември 2023 година, снимките покажуваат:
- 6:33 часот – возилото се вклучува од мостот „Гоце Делчев“.
- 6:35 часот – го поминува булевар „Климент Охридски“ кон „Партизански одреди“.
- 6:37 часот – пристигнува на улицата „Наум Наумовски Борче“, пред зградата на Вања Ѓорчевска.
На видеоснимките се забележува дека во возилото има три лица – едно на возачкото, едно на совозачкото седиште и едно на задните седишта.