Шкотската компанија „Kettle Collective“ објавила дека во Санкт Петербург во Русија ќе го гради највисокиот облакодер на светот, а воедно и највисок во Европа, со име „Lakhta Center II“

Заводливиот облакодер висок 703 метри, ќе биде 125 метри понизок од моментално највисокиот во светот Бурџ Калифа во Дубаи.

Но, за разлика од Бурџ Халифа чиј видиковец се наоѓа на 148-от кат на висина од 555 метри, видиковецот во новиот облакодер треба да биде исто така највисок на светот, поставен на висина од 590 метри.

Целиот облакодер ќе има вкупно 150 катови, а ќе опфаќа и станбен и работен простор, како и место за опуштање.

Според зборовите на архитектот Тони Кетле, овој облакодер ќе стане пример за одржлив дизајн за идните проекти од глобалните висококатници.

Заводливиот облакодер висок 703 метри, ќе биде 125 метри понизок од моментално највисокиот во светот Бурџ Калифа во Дубаи.

Целиот облакодер ќе има вкупно 150 катови, а ќе опфаќа и станбен и работен простор, како и место за опуштање.

Според зборовите на архитектот Тони Кетле, овој облакодер ќе стане пример за одржлив дизајн за идните проекти од глобалните висококатници.

Инаку, Тони е еден од архитектите кој бил вклучен во проектирањето на првиот „Lakht“ центар во Санк Петербург.