На социјалните мрежи, веќе почнаа да се појавуваат снимки од моментот на уривање на еден од облакодерите во Сурфсајд, Флорида.

Судејќи според снимката, најпрво попуштил средишниот дел на облакодерот, а девет секунди подоцна и страничниот дел.

Облакодерот од 12 ката и 135 станови во градот Сурфсајд, во близина на Мајами бич, се урнал во текот на ноќта. Уништени се 55 станови. Досега е потврдена смртта на едно лице, а 35 се извлечени од урнатините.

Во тек е голема операција за спасување, која може да трае со денови.

Други информации пак, велат дека 51 човек се уште се водат за исчезнати и не се пријавени како сигурни или починати.