Царовска, како што соопшти МОН, истакна дека образованието е процес, а не чин, процес кој никогаш не завршува, затоа што човек доколку сака да биде успешен мора постојано да се надградува.
-Денес започнување полагањето на државната матура за учебната 2020/2021 година. А тоа е процес кој значи формализација на средното образование и стекнување на услов за упис на високообразовните установи во земјата, но и надвор од неа. Од страна на надлежните институции на системот, координирани од Министерството за образование и наука обезбедени се сите предуслови за средношколците од завршната четврта година да го остварат ова свое право, без притоа да биде загрозено нивното лично, но и јавното здравје, имајќи предвид дека годинава, пандемијата наметна потреба од дополнителни напори и активности за организација на процесот, нагласи Царовска.
-Знам дека, не само што нема да отстапите од зацртаните цели, кои се остваруваат исклучиво со стекнување и примена на знаење, туку постојано ќе целите и кон повисоки работи во животот и ќе станете гордост на државата која и во иднина ќе продолжи да се грижи за Вас и да создава можности за целосно остварување на Вашиот личен потенцијал. Среќно на сите!, вели таа во пораката.
Информира дека за матурантите кои се пријавени да полагаат, но во моментов се спречени поради изолација, предвидени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни.