Се очекува големо изненадување од она што ќе го обзнани лидерот на ДУИ, но за тоа каква платформа ќе биде презентирана пред јавноста, се до денеска напладне во партијата има завет на молчење.

Инаку за оваа вест прв информираше Зоран Заев кој во изјава за медиумите по големиот број на шпекулации изјави дека изненадувањето не е заеднички партиски кандидат за претстојните локални избори за градот Скопје.

-Не, не се работи, за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер и логично е да оставам за деталите да зборуваат тие, а секако е во духот на тоа што го работиме како Влада. Ќе ги видите деталите како што ги презентиравме нашите промени . Воопшто не е разговарано за таква работа, за заеднички кандидат или за компензации или нешто слично. Не. Се работи за платформа политичка, перспективи, иднина и така натаму, истакна Заев.