Нуредини рече:
– Сакам да се повикам на Законот за нелегални градби. Јасно е укажано дека без дезвола од МЖСПП каде што ќе се предвидува и постоење на зелени површини околу тие градби, нема да се добијат дозволи за градба, тоа се нашите укажувања. Законот се врати пак на Влада, на владина расправа, нашата препорака од МЖСПП е дека треба да се легализираат само оние градби кои што се во сопственост на граѓани на жители кои живеат во нив
Тој во однос на зелената агенда на ДУИ, рече дека „сите се движиме кон Европа“.
– Нашата цел е Европа и во таа смисла сакаме да се вклопиме во зелената агенда на Европа. Сакаме да ги имлементирамеЛ зелените стандарди за квалитетен живот на граѓаните. Наш приоритет е граѓаните да живеат во заштитена еколошка средина, но исто така граѓаните да имаат пристап и право на чиста вода за пиење, на прочистена индустриска отпадна вода. Ние веќе две години работиме и сме посветени на таа зелна агенда, посочи министерот.
На новинарско прашање, околу сечата на „Орце Николов“, Нуредини рече дека тоа е одговорност на секоја одделна општина.
– Доколку граѓаните не се согласуваат со такви одлуки, не треба такви одлуки да се случуваат. Ние ги поттикнуваме граѓаните. Нашата политика се стреми кон тоа да има се повеќе зеленило во градот. Но сепак ќе речам тоа е одлука на секоја општина, посочи министерот.