Во вчерашното интервју за „ТВ 21“ Сејдини рече:
-Не сум знаел дека премиерот е правник, така да овие работи им остануваат на правниците, на тие кои се занимаваат со спорт, на тие кои се занимаваат со статути и Законот за спорт и нешто друго
Според него секој делегат на собранието на ФФМ се знае од каде е и од кој клуб доаѓа.
Заев неодамна во интервју за весникот „Коха“ му порача на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, да го почитува законот и транспарентно да ги троши парите.
-Има конфликт да, јас мислам дека ФФМ е заробена како што ни беше државата заробена на нетранспарентен и строго контролирачки начин преку огромните милиони со кои што разполага ФФМ. Буквално се менаџираат и купуваат делегати мислам дека не е слободно, зошто? Заради тоа што собранието на ФФМ е спротивно на законот на спорт. Значи нешто кога се прави надвор од законот тогаш е проблем. Сите федерации во државата го почитуваат законот за спорт само ФФМ не го почитува. Во законот за спорт кажува дека делегати во Собранието даваат прво членките на таа федерација, клубовите, не може Шкендија да нема делегат, не може Беласица да нема делегат или Пандев да нема делегати или не знам Шкупи, вели Заев во интервјуто.