Делта сојот на Ковид-19, кој првично е откриен во Индија, полека станува доминантен сој на корона вирус во светот, соопшти во петокот Светската здравствена организација.
Велика Британија извести за зголемени инфекции со Делта сојот, додека германските здравствени работници предвидуваат како многу брзо ќе стане доминантен сој во Германија и покрај зголемениот број на вакцинирани луѓе.
Официјален Кремљ, освен „нихилизмот“, за рекордниот број на новоинфицирани во Москва и Русија го наведуваат и Делта сојот, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.
-Делта е на добар пат да стане доминантен сој во светот заради неговата голема заразеност, изјави главниот научник на СЗО Соумја Сваминатхан.
Загрижува состојбата во Африка
СЗО наведуваат дека Африка останал континент кои задава грижи, иако таму се забележани само пет отсто нови инфекции и околу два отсто смртни случаи во светот.
Случаите се дуплирале во Намибија, Сиера Леоне, Либерија и Руанда минатата недела, изјави еден од шефовите на СЗО за итни случаи Мајк Рајан, додавајќи дека пристапот до вакцини и понатаму е низок.