Непосредно пред крајот на првото полувреме, Кристијан Ериксен колабираше на теренот на стадионот Паркен, каде што лежеше неподвижен.
Секој што беше на стадионот во тој момент се држеше за глава и се молеше исходот со здравствената состојба на големиот Данец да биде што е можно подобар.
На крајот, фудбалерот на Интер беше пренесен во болница, од каде што беше пуштен неколку дена подоцна, откако лекарите му ставија имплант под срцето.
Како резултат, тој нема да може да игра во Серија А, ниту во Премиер лигата каде претходно играше, па Ајакс се појавува како една од опциите во неговата кариера, ако воопшто може да продолжи.
Додека не се случи тоа, неговиот сегашен клуб Интер реши да му плати на Данецот без оглед на се, и тој одлучи да се појави на првиот тренинг на тимот на почетокот на следниот месец кога италијанскиот шампион ќе ги запали моторите.
Му рекоа дека го очекуваат на подготовките на 8 јули и дека соиграчите го поканија да биде со нив.