-Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалеот, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат, рече Пандев.

Тој кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување.

-Среќем сум што се повлекувам на овој начин. Можам да кажам дека подобро збогуваање од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знак како да се носам со нив, рече Пандев.