Диетата 5:2 подразбира да јадеме нормални количини на храна, 5 дена неделно и да го намалуваме дневниот внес на калории останатите два дена на само 500 за жени, односно 600 калории за мажи.
На овој начин телото не чувствува стрес, како резултат на постојан пост, и не акумулира дополнителни калории.
Имено, во деновите кога внесуваме помалку калории (последните 2 дена), го трошиме сето она што го акумулиравме во другите 5 дена. Ништо не се задржува, а метаболизмот значително се забрзува.
Се разбира, тоа не значи дека можете да јадете прекумерно 5 дена. Треба да исфрлите брза храна, пекарски производи и храна богата со шеќер. Предност треба да се даде на зеленчук, безмасно месо, интегрални тестенини, ориз и овошје.
Повремениот пост има докажано позитивно влијание врз здравјето. Има корисен ефект врз шеќерот во крвта и притисокот, и го нормализира нивото на холестеролот во крвта.
Диетата 5:2 го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, тумори, дијабетес и срцеви заболувања, а има и позитивен ефект врз концентрацијата и функцијата на мозокот.