Зборувајќи за новиот неуспех на владата на Заев да обезбеди старт за преговори, Николоски истакна дека Европската унија имала инструменти со кои можела да ја принуди Бугарија да ја тргне блокадата за почеток за преговори со Македонија.
– Ако сакаа можеа да дадат вето за финансиска помош и на тој начин да ја примораат Бугарија да отстапи. Кај нив сепак постојат три причини за скепса: висок степен на корупција, нема функционален систем на владеењето на правото, немање имплементацијата на безбедносните реформи, рече Николоски.
Пратеникот додаде дека Европската унија е „клуб на богати“ и таму веќе имаат скепса кон проширувањето, бидејќи како што вели тој, не сакаат дополнително да примаат сиромашни држави.