Јужноморавскиот регион во Чешка, особено регионите Брецлав и Ходонин, вечерта беа погодени од многу силно невреме со град, кое оштети куќи, автомобили и зеленила.
Се појави и торнадо над седум села проследено со бура и град со големина на тениски топчиња. Торнадата се исклучително ретка појава во овие географски широчини. Метеоролозите проценуваат дека синоќа торнадото достигнало од трет до четврти степен, што значи брзина од над 300 километри на час. Невремето однесе најмалку три човечки животи. Околу 150 до 200 луѓе се повредени.
Некои села остануваат отсечени луѓето од оштетените куќи се евакуирани. Затворен е скоро целиот автопат д2 во правец на брно. Околу 32.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Спасувачките служби од другите региони и држави исто така помагаат во регионот. Армијата ќе испрати две инженерски единици на југот на моравија, активирајќи механизирана бригада.
WATCH: Dramatic video shows tornado approaching home in the Czech Republic; at least 100 injured pic.twitter.com/6XX5hWkxgU
— BNO News (@BNONews) June 24, 2021
WATCH: Rare tornado hits the Czech Republic, causing major damage and injuring an unknown number of people pic.twitter.com/cG3BzDxW6p
— BNO News (@BNONews) June 24, 2021
Hodonín dnes pic.twitter.com/F32FKNOXko
— Josef (@JopoJosef) June 24, 2021