– Господин Рама ме пречека со интересна интересна порака, тој имаше напишано на бел лист census.stat.gov.mk. Почестен за овој братски прием од г. Еди Рама со кого разговаравме за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Албанија, но и за спорот што во последните месеци се реактуализира меѓу нашата земја и Бугарија, но без да се заборави темата за интеграција на нашите земји во Европската унија, напиша Груби.
Тој додава дека размениле мислења и за Коридорот 8, проект за кој Рама рекол дека во Албанија тоа е приоритет на Владата бидејќи е во најдобар интерес на земјата, но и на целиот регион.
Kënaqësi që sot në Tiranë takova kryeministrin shqiptar Edi Rama.
z. Rama më priti me një porosi interesante, ai në…
Posted by Artan Grubi on Tuesday, March 23, 2021
– Во оваа прилика го информирав албанскиот премиер дека во Северна Македонија се работи на што поскоро завршување на изградбата на овој коридор. Со Рама разговарав и за важноста на процесот на регистрација на дијаспората каде што во оваа прилика апелираше дијаспората на РСМ да одговори што е можно повеќе на процесот на регистрација, бидејќи со оваа акција тие исполнуваат морална и национална обврска, пишува Груби.