Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride“ се дел од маршот, а дел од транспарентите гласат „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовите“…
Парадата е предвидено да заврши кај Школка во Градскиот парк, а организатор на настанот е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Годинава мотото на Парадата на гордоста е „Вон ѕидовите“. Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.
– Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, велат организаторите на парадата.