Драги скопјани, нова јавна набавка со иста приказна. Шилегов спровел јавна набавка за промоција на кампањи за посебни проекти на Град Скопје во вредност од скоро 8 милиони денари. Имено, на 11.02.2021 година склучен е договор за подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на Град Скопје за 2020/2021 година. Подетално, станува збор за изработка на медиа план за закуп на рекламен простор односно билборди и светлечки реклами, план за закуп на рекламен простор на веб портали и социјални мрежи, како и дистрибуција на рекламни материјали. Од друга страна, станува збор за нетранспарентен процес во кој не се наведени оние посебни проекти кои Шилегов сака да ги промовира, изјави денеска за медиумите, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Оттука, сосема легитимно се поставува прашањето дали станува збор за предизборна кампања на Шилегов која е финансирана од буџетот на Град Скопје во вредност од 130.000 евра? Почитувани, никаде нема образложение за кои проекти ќе се користи оваа кампања. Јасно е дека пред се проекти нема, па затоа за истите се користи терминологијата посебни проекти на Град Скопје. После фрапантните цени на јавните набавки за клупи, чешми, садници, противпожарно возило сега Шилегов реализира јавна набавка за кампања во изборна година, повторувам во вредност од 130.000 евра, посочи таа.
Таа додаде:
– Внимавајте, целта дефинирана во техничката спецификација е да ја зголеми општата свест кај граѓаните за посебните проекти и активности на градот и да ги информира и едуцира соодветните целни групи преку зголемување на видливоста на посебните проекти и активности на градот. Целта е погрешна, ниедна кампања не може да го претстави Шилегов во поразлично светло. Делата говорат за неспособноста и неработењето на Шилегов. Скопје изгуби 4 години. Да запреме тука, да запрат скандалозните јавни набавки во општините проследени со енормно високи цени, а да продолжиме со работа и реални заложби за нашиот град. Залудни се напорите на Шилегов, ниедна кампања не може да го скрие неговиот неуспех