Изјавата на Закаријаш, Димитров ја нарече „прилично несреќна изјава“.
– Вчера лично јас, Министерството за надворешни работи и министерот за надворешни работи имавме многу контакти со Лисабон, со претставници на Португалија, односно на португалското претседателство. Укажавме на оваа крајна несоодветност, која што, меѓудругото е наведена во владината изјава.
Димитров додаде дека од Португалија добил уверување за тоа како изјавата не го отсликува ставот на Лисабон, кој останува на линија на португалскиот предлог.
– Од таму ни рекоа „зошто воопшто за ова разговараме“ затоа што во предлог-преговарачката рамка што излезе од Европската комисија во еден параграф се вели дека ќе биде целото европско законодавство за кое што зборуваме преку националната програма преведено на македонски јазик и дека земјата ќе треба да има доволен број на преведувачи во моментот за зачленувањето, рече Димитров денеска.