Ора њуз пренесува:
-Апсењата се извршени во Албанија, Црна Гора, Шпанија и Италија. Апсењата се извршени по наредба и соработка на албанското специјално обвинителство (СПАК), италијанската антимафија, полициската канцеларија за координација во Тирана, албанската полиција и Еурјуст
Исто така, се спроведуваат одлуки за заплена на средства за кои постои сомневање дека потекнувале од криминални активности или други незаконски приходи, во вредност од неколку милиони евра.
Меѓу уапсенте во Албанја се и М.С. обвинител во Валона, О.Л. началник на сектор за сообрајќај во генералниот директорат на полицијата и Ф.Л. поранешен заменик-командир на полицијата во Фиер.
Акцијата следува по истражните дејствија во рамки на акциите „Шеф“ и „Покрив“ реализирани во 2018 и 2020 година од страна на италијанската дирекција за борба против мафијата во Бари.
Во истрагата за акцијата „Душа“ многу помогнале изјавите на четворица претходно уапсени кои се согласиле да соработуваат.
Детали за акцијата ќе бидат изнесени на прес конференција на која се очекува да учествуваат високи претставници на полициите на Албанија и на Италија и на СПАК.