Според него, ние не можеме да одиме никаде.

– Можете еднаш да организирате убава свадба, со тоа што ќе направите се да изгледа убаво, но на крајот невестата да не се појави. Можете да го повторите тоа неколку пати и пак таа да не дојде. Тогаш го кажувате зборот на „е“ на македонски јазик и не организирате свадба. Му кажав на Зоран (премиерот Заев) за музиката од Европа и дека ние го одбравме овој пат поради нашата цврста визија, рече Рама

Тој додаде и дека не ни е потребна ЕУ, за да имаме блиска соработка меѓу сите земји од Западен Балкан.