Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд расправаше по повод жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република С Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.
На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.6/2021 со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република С Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, се додава во соопштението.