Кубанскиот атлетичар во трискок Жарден Диаз, кој своите репрезентативни колеги ги напушти на митинг во Европа, е исклучен од олимписката репрезентација, која брои 69 членови, потврди денеска претседателот на Кубанскиот спортски институт.
Диаз (20) „го напушти својот тим во Европа“, обелодени Хозе Антонио Миранда, првиот човек на Кубанскиот олимписки институт, додека шпанските медиуми јавија дека атлетичарот пребегнал во Шпанија.
Диаз е младински олимписки првак од Олимпијадата во Буенос Аирес во 2018 година и беше меѓу главните кандидати за медал на претстојните Игри во Токио.
Неговиот најдобар резултат е 17.49 метри, што е кубански јуниорски рекорд.