Англија во саботата вечер на Олимпискиот стадион во Рим убедливо ја совлада Украина со 4:0 и за првпат по 1996 година обезбеди пласман во полуфиналето на Европските првенства.

Последна пречка на Англичаните за пласман во финалето ќе им биде репрезентацијата на Данска.

Натпреварот ќе се игра на 6 јули на лондонски „Вембли“, стадионот на кој Англија последен пат играше финале на големите натпреварувања во кое во 1966 ја совлада Западна Германија и ја освои светската титула.