Ова го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашната емисија „За заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
– ВМРО-ДПМНЕ од следната недела почнува со настани со граѓаните во кои ќе почнеме тематски да ги соопштуваме генералните правци и понуда со која ќе излеземе на следните локални избори, но и чекор потоа кога ќе имаме кампања за централната власт. Тоа е она кое што ние лично имаме намера да го понудиме пред граѓаните. Очекуваме критики, совети, бидејќи критиката може да биде и позитивна, да видиме дали тоа е доволно од тоа што го очекуваат граѓаните од нас, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека за да успееме во сите области, најпрвин треба да се справиме со криминалот и корупцијата и повторно да ја поставиме на нозе економијата, да имаме здрава економија.
– Во спротивно ние не можеме да јакнеме патриотски дух, ниту да имаме среќни земјоделци, ниту млади во државата. Без силна економија, немаме силна држава. Потоа доаѓа се разбира образование и останатите столбови, рече Мицкоски.
Во врска со понудата на СДСМ, Мицкоски вели дека од власта повеќе никој ништо не очекува, дури ни самите не очекуваат и сега само со поткуп и заплашување ќе се обидат да извлечат глас повеќе.
– Тие сега се обидуваат со тој полусвет од подземјето како да заплашат повеќе луѓе, како да поткупат, и преку стандардната партиска структура да извлечат некоја илјадарка гласови. Не очекуваме дека ќе излезат со револуционерни проекти, и дека планираат да реализираа. Погледнете ги програмите на градоначалниците на СДСМ и видете дека ништо не реализирале, изјави Мицкоски.