Италијанската фудбалска федерација за освоеното прво место на ЕУРО2020 ќе инкасира 28,25 милиони евра од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и новите европски шампиони ќе бидат наградени токму од тој фонд.
Италија вторпат во историјата ја освои европската титула, откако во синоќа ја совлада Англија на пенали во финалето на „Вембли“ во Лондон.
Сите учесници на ЕУРО2020, вклучувајќи ја и македонската репрезентација инкасираа загарантирани 9,25 милиони евра, додека учесниците во осминафиналето заработија дополнителни 1,5 милиони евра. Четвртфиналисти инкасираа по 2,5 милиони евра, полуфиналистите уште четири милиони евра, додека Италија и Англија со пласманот во финалето заработија по пет милиони евра. Паричната награда за освоената титула изнесува осум милиони евра.