Ова се случува поради тоа што тој наполнил 60 години и според законот со ова му завршува поротничкиот мандат. Тој е член во Судечки совет на три предмети на СЈО кои што се водат во судот, меѓу кои и еден од најобемните а тоа е „Титаник“.
Од опозицијата веќе неколкупати побараа одговор од надлежните институции за тоа дали Сандев треба да го води случајот, прво бидејќи е член на партија која е во коалиција со власта, а потоа и фактот дека има наполнето 60 години.
Ова ќе значи дека овие судски проицеси ќе треба да започнат од почеток кога ќе биде назначен нов судија поротник.
Од Судскиот совет за Телма потврдуваат дека испратиле иницијатива до Министерството за правда поради тоа што во законите постојат противречности кои што им ја отежнуваат работата, токму во вакви ситуации кога треба да се разрешуваат судии или поротници. Претходно беше разрешен и судијата Горан Бошевски поради што уште три слуачи иницирани од СЈО ќе започнуваат од почеток.