Вчера СДСМ како кандидати за градоначалници извади стари и истрошени кадри за спас на криминалот. Нема нови лица, нема изненадувања, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

-СДСМ влегува во фаза каде им е јасно дека ќе загубат. И никој сериозен не им се нафаќа да биде кандидат. СДСМ вчера за втор мандат го предложи најнеспособниот градоначалник кој Скопје некогаш го имало, СДСМ оди со Петре Шилегов кој изминативе четири години покажа само лаги, кич и парадерство, тој нема ништо направено. Шилегов ја продаде градската куќа и никој не знае каде завршија 12 милиони евра од продажбата, потроши 1.5 милиони евра за неквалитетни бекатон плочки кои што пукаат уште не пуштени во употреба, за една година цените на паркингот ги зголемени за 100%. Шилегов вети и не реализира тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров и реконструкција на Универзална. Заев во Кисела Вода го предлага Филип Темелковски, кој тргна во насилна бетонизација на населбата Расадник, а во исто време една уличка, тротоар или канализациска линија нема направено. Стари кадри се сите останати кандидати за градоначалници. Велимир Смилески во Бутел вети и не реализира нова поликлиника, бутелчани се лечат во руинирани бараки, а го нема најавениот противпожарен пункт, нема ниту водовод во Љуботен, но затоа без проблем Смилески потроши 400.000 евра за партиски вработувања во ек на пандемија. Сашко Николов во Штип е градоначалник, а неговите роднини од Баргала се однесуваат како градот да е нивен. Се исплаќаат плати и од по 200 денари, се отпуштаат вработени, народот буквално трпи за леб. Заев како кандидат за Лозово го предлага Ацо Велковски, кој цела држава го виде како врши мобинг и дискриминација, но и го виде како зема плата како градоначалник, а половина година ја поминува во Германија. Блаже Шапов од Богданци, е уште еден функционер на Заев кој вработува само по партиски клуч, а нови проекти нема, затоа што не може ниту старите да ги одржува, па гледаме испукани улици, обраснати со трева тротоари и кеј. Иста е и ситуацијата со Живко Гошаревски, кандидат за градоначалник на Ресен, кој наместо да работи троши за забави со естрадни личности. За кандидат за градоначалник за Охрид СДСМ го предлага стариот Константин Георгиевски, кој не може да се справи со урбаната мафија и кој нема ниту еден проект. Непотизам, матни тендери и неработа го одликуваат Томе Христовски, кој единствен квалитет има тоа што Заев го пречека во Крушево откако тој возеше мотор. Како близок до мафијата на власт очигледно за градоначалник се квалификувал и Зоран Зимбаков, градоначалник на Босилово, кој легализираше плац со погон за производство на марихуана на луѓе блиски до Заеви, истакна Лефков.

СДСМ на претстојните локални избори оди со старите истрошени кадри, не нуди ништо ново. Време е да им се стави крај на овие неработници. Време е за Македонија за сите луѓе! Додаде тој.