Како што јави дописникот на МИА од Софија, авионот „Ербас А321“ вршел редовен лет од Кишињев кон Дубаи, кога екипажот пријавил дефект на моторот.
Слетувањето е извршено со еден мотор и немало никаква опасност за 131 патник и шестчлениот екипаж во авионот.
Тие моментно престојуваат во хотел во црноморскиот град, а бугарските експерти за цивилно воздухопловство ќе извршат преглед на моторот на авионот.