На Меѓународниот аеродром во Сараево денеска пристигнаа 23.400 дози на вакцини од „Бионтек/Фајзер“, кои Босна и Херцеговина ги купи преку Ковакс. Ова се првите дози кои БиХ ги добива преку овој систем, од 1.232.000 колку што има нарачано и платено.
Процесот на набавка на вакцини преку Ковакс во Бих започна во јули, а договорот беше потпишан на 18 септември 2020 година.
Во Сараево вечерва ќе пристигнар и 26.400 дози вакцини купени од компанијата „Астра зенека“.