Доколку на пограничните власти не им се достави негативен тест, направен до 72 часа пред влезот во Бугарија, лицата ќе бидат ставени под 10-дневен карантин.
Кунчев истакна дека има многу висока инциденца на коронавирусната инфекција во Велика Британија, Кипар, Шпанија, како и во Португалија, а рапидно се зголемува и бројот на заразени во Холандија.
-Бугарија се очекува да го зголеми процентот на заразени со индиската верзија на Ковид-19, рече Кунчев и додаде дека земјата е во најдобра ситуација, која веројатно ќе продолжи и натаму во следните една до две недели. Бројот на заразени ќе продолжи да расте доколку има низок процент на вакцинирани, додаде тој.
Обезбедени се уште уреди за читање QR кодови на границите, но граничните премини и аеродромите ќе бидат пооптоварени и голем проток на патници се очекува преку граничните премини Кулата, Капетан Андреево и Калотина.
Со цел да се олесни граничната здравствена контрола, се очекува Бугарија да добие брзи тестови и антиген тестови во вредност од 1,6 милиона евра, додаде Кунчев и објасни дека земјата испратила барање до ЕК.