Четиридневниот фестивал, на кој се очекуваат околу 40.000 луѓе, се одржува додека бројот на новозаразени ширум земјата се зголемува. За да присуствуваат на музичкиот настан, посетителите мора да бидет во целост вакцинирани или да имаат негативен ковид тест.

 

“Размислувам вака: Кога ќе почнеме повторно ако не сега”, рекла 21-годишната Кети МекКена.

Луѓето на фестивалот не мораат социјално да се дистанцираат ниту да носат заштитна маска, а организаторите поставиле отворени шатори и инсталирале прочистувачи на воздух за да го спречат евентуалното ширење на вирусот.

“Сите планови и бендови се подготвени, а луѓето се очајни и сакаат да дојдат, да свират, да работат и повторно да уживаат, а тоа е тоа што им е овозможено”, рекол организаторот на фестивалот Мелвин Бен.

Меѓу другите, на фестивалот настапуваат Дејмон Албарн, Волф Алис, Рудиментал и “The Chemical Brothers”.