Дејан Георгиевски им се заблагодарува на сите за големата поддршка и порачува дека е дојден во Токио по злато.
-Дојден сум по златен медал. Свесен сум дека ова е најголем спортски успех во независна Македонија, одиме до крај. Македонија е голема. Поздрав до сите, ви благодарам уште еднаш, порачува Георгиевски.