Водечката светска компанија за е-возила, основана од Илон Маск, на Њујоршката берза објави дека во вториот квартал од 2021 година, за прв пат оствари нето добивка од над една милијарда долари, што е десет пати повеќе отколку во истиот период во 2020 година.

Акциите на овој производител, по објавувањето на деловните резултати, пораснаа околу 2 проценти, по официјалното работно време на Волстрит, објави Си-Ен-Би-Си.

Тесла објави 1,14 милијарди долари нето добивка за вториот квартал, во споредба со „само“ 104 милиони долари забележани во споредливиот период минатата година.

Заработката е 1,45 долари по акција, што е далеку над предвидувањата на аналитичарите кои предвидоа 98 центи по акција во истражувањето „Рафинитив“.