Денеска на седница директорите на неколку институции од полето на безбедноста разговарале за состојбата и било одлучено дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но дека институциите постојано ќе ја следат состојбата.
– И доколку работата тргне на полошо набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата, онаму каде што е зафатена со пожар, рече Ангелов.
Тој рече дека сега се користат сите расположливи ресурси на Армијата, а се отворени и сите канали за добивање меѓународна помош и дека тоа функционираат и без прогласена кризна состојба.
Ангелов ги демантираше гласините за недоволниот ангажман на неговите екипи при вчерашниот пожар во Кочани.
Како што истакна тој, најважно е дека спасени се човечки животи, додавајќи дека тоа секогаш е во фокусот на неговата функција.
Ангелов информираше дека се активни шест пожари на територијата на целата земја, од кои повеќето се под контрола, а најкритично е во Кочани и Старо Нагоричане.
Тој појасни дека пожарот во Кочани кој стигна речиси до градот, бил предизвикан најверојатно од спој на жици. Тој појасни дека не станува збор за стариот пожар од пред неколку дена бидејќи, како што рече, тој пожар бил на друг дел од градот и бил целосно изгаснат.