Се уште нема информација кога граничниот премин ќе биде повторно отворен за сообраќај.

Пожарот поради ветрот се движеше кон границата со Грција, поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Според последните информации, огнот во делот во близина на ГП „Богородица“ е изгаснат.