Француските експерти за високо ризични пожари и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов заедно со полициските специјалци денеска беа во природниот резерват „Јасен“, каде имаше дојава за чад и за можни жаришта на пожари.
-Не наидовме на жаришта за пожар, иако утрово имавме дојава за мал чад на врвовите над „Јасен“. Но, контролата на теренот по највисокиот срт продолжува од страна на македонските полициски специјалци и француските експерти за високоризични пожари, соопшти ЦУК.
За попладнево во 17 часот е предвидена прес-конференција на ЦУК, на која ќе бидат презентирани информации за пожарите.