Владата на седницата на 4 месецов донесе Одлука со која се дава согласност за отворање на почесен конзулат на Грузија во Р.С. Македонија, со седиште во Скопје, раководен од проф. д-р Марко Андонов и даде согласност да биде именуван за за почесен конзул.
Андонов е редовен професор и декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ колеџ Скопје. Негова специјалност е корпоративното право и правото на хартии од вредност. Освен во академската сфера, тој е присутен и во корпоративниот сектор како консултант од неговата област, а воедно е и член на неколку одбори на директори на успешни домашни компании.
Бил дел од експертските тимови за подготовка на неколку закони и подзаконски акти од областа на финансискиот сектор, а има искуство како експерт-консултант и во меѓународни арбитражи. Повеќе од 10 години е редовен едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ од сферата на Трговското право. Автор е на поголем број научни и стручни трудови објавени во релевантни странски и домашни списанија и публикации.