Сите опции за формирање кабинет со широка парламентарна поддршка ќе бидат исцрпени. Тоа го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.
– Очекувам одговорност од сите нив, сакам да видам јасна посветеност на бугарскиот Парламент и ќе биде јасно кој работи за народот и кој сее хаос, нагласи тој.
На прашањето на која политичка сила ќе му го предаде третиот мандат, откако има најава дека вториот ќе биде вратен од ГЕРБ-СДС, Радев одговори дека ќе одлучи откако ќе се запознае со идеите на партиите за формирање влада.
– Буџетот е првиот важен чекор што треба да го преземе сегашното Национално собрание. Ова е главната причина за свикување на Консултативниот совет за национална безбедност, изјави Радев.
– Не можеме да се однесуваме кон бугарските граѓани на неодговорен начин. Не можеме да ги оставиме луѓето во претстојна пандемиска криза без финансиска и социјална поддршка за бизнисот, здравството и медицинските лица од прва линија.