Како што соопштил адвокатот на Овчиникова при поднесувањето на тужбата пред судот во рускиот град Омск, Ксенија постела во текот на 7-неделниот предвелигденски пост.
Во април 2019 година, на средина на постот, таа шетала по улицата Карл Маркс каде наишла на билборд со реклама на „Мекдоналдс“ за чизбургер и „Чикен Мекнагетс“.
Овчиникова тврди дека рекламата ги нарушила нејзините религиозни чувства и ја намамила да купи чизбургер со што го прекршила постот за првпат во последните 16 години.
Во тој момент постев околу еден месец. Кога го видов билбордот, не можев да одолеам и отидов да купам чизбургер – навела Русинката во тужбата, при што бара морална компензација од популарниот ланец на ресторани во висина од 1000 рубљи.
Од друга страна, од Руската православна црква велат дека Ксенија треба да бара прошка од Бога, а не компензација од „Мекдоналдс“.
Ѝ советуваме да оди да се исповеда, а не да оди на суд – порачаа од црквата.