Сепак, навивачите на Пари Сен Жермен ќе мораат да почекаат на дебито на својот нов миленик.

Неговиот прв меч во дресот на „Светците“ нема да биде против Стразбур овој викенд, на огромно разочарување на фановите. Нема да биде ниту следниот, туку неговото деби е закажано дури за мечот против Ремс на 29 август. Сепак, за несреќа на навивачите на ПСЖ, овој натпревар се игра на гостински терен, така што навивачите на Ремс први ќе имаат можност да го гледаат Меси во живо во новиот клуб.

Незадоволството меѓу навивачите на ПСЖ е присутно, но Аргентинецот нема тренинзи ниту натпревари околу еден месец, па јасно е дека сите сакаат да го гледаат Меси како игра само кога е 100 проценти подготвен, така што подобро за сите е ако бидат трпеливи.