-Ние како Главен штаб за управување со кризи, низ разговор со ЈП „Национални шуми“ сугериравме олабавување на целосната забрана за движење во шумите. Од вчера, оваа целосна забрана не важи за физички и правни лица кога имаат итна и неопходна потреба за движење во шума по претходно издадена дозвола за движење од ЈП „Национални шуми“, појасни Ангелов.
Тој информира дека ЈП Национален парк Галичица, исто така ја има „омекнато“ оваа забрана и дава дозволи за движење во овој национален парк.
Ангелов, исто така, соопшти дека во Јасен и на Водно забраната се уште важи поради двата активни пожари, од кои еден се провлекува веќе 15 дена и се уште не може да се изгасне. Од тие причини, како што рече, забраната за движење на Водно останува уште неколку дена.
-Во текот на денешниот ден заседава Главниот штаб за управувавање со кризи и со заклучок ќе препорачаме дополнително олабавување на забраната за движење во природа. Во очекување сме на нови врнежи. Врнежите доколку се појават во следните денови постои можнсот за целосно укинување на оваа забрана, но се дотогаш мора да бидеме внимателни. Во практика се покажа дека зголемената свесност кај граѓаните е она што помогна да се намали бројот на пожари и координираното дејствување на нашите институции, рече Ангелов.
Тој информира дека денреска имале средба со тројца припадници на шумските служби на САД кои доаѓаат од различни сојузни држави. Потенцира дека нивното искуство, особено нивната тактика и стратегија за нас како држава и за ЦУК може да бидат многу значајни. – Договоривме продолжување на оваа соработка преку праќање нивни инструктури во Македонија или одење на наши луѓе од делот на Противпожарна заштита на тренинг во Америка, рече Ангелов.