Како што вели координатор во КОВИД центарот, Гзим Нуредини, од седум часот вчера до седум часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко лекување.
– Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе, информира Нуредини.
За преглед или контрола во амбулантата на Ковид центарот помош за 24 часа побарале 188 луѓе.