Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7
Во Скопје, посвежо и променливо облачно, уште од претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Од УХМР најавија дека уште утре ќе има позначителна нестабилност проследена со засилен западен ветер претежно во западните делови од земјата. Во деновите потоа ќе биде претежно стабилно и за време на викендот ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност во планините. ц