Синоќа околу 02.00 часот, полициски службеници од полициската станица Центар го лишиле од слобода О.А.(21) од Скопје затоа што околу 01.10 часот се обидел со остар предмет да ја нападне И.Р.(20) од Скопје, со која се знаеле од претходно, информираа од МВР.
Кај него бил пронајден и одземен нож на расклопување, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.