Таа вели дека со овие лекари ќе се разговара, но дека комората нема законски основ да покрене санкции против нив, оти нема пријави дека овие лекари во своите ординации убедувале пациенти да не се вакцинираат. Ова доаѓа два дена откако Комората ги повика граѓаните да ги пријавуваат лекарите и медицинските лица кои објавуваат шпекулации и невистини за вакцинацијата и коронавирусот.

Лекарската комора бара законски измени, но и национална стратегија во борба против лажните вести за вакцините, но Гривчеа Старделова вели дека прво ќе се разговара со сите лекарски здруженија на оваа тема.

Првиот човек на Здружението на матични лекари на Македонија др. Лилија Чолакова Дервишова смета наместо ова, Лекарската комора треба да се погрижи за законско унапредување на правата на лекарите.