Министерот за здравство, Венко Филипче, вакцинацијата на нашите граѓани и на другите граѓани од регионот во Србија ја оцени како пријателски и многу добар гест, а најави дека оние кои нема да добијат термини за ревакцинација во Србија тоа ќе може да го сторат во државава.
-Утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видам дали може да ги добиеме електронските податоци за да ги вградиме во нашиот систем, а доколку не, попладнево веќе разговаравме да направиме еден модул на сегашниот сајт за вакцинација за тие граѓани да можат да се пријават. Тие секако добиле термини за ревакцинација но доколку некој не може и сака тука да продолжи тоа да го испланираме во нашиот систем, рече Филипче.