Заедно со последните двајца наши државјани, евакуирани од Авганистан, кои се очекува да слетаат исто така вечерва во Скопје во 1.30 по полноќ, завршува процесот на репатријација на нашите граѓани од Авганистан, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерството потсетува дека за евакуацијата на нашите државјани од Кабул беше формирана посебна работна група во рамките на МНР и дека целата акција за евакуација започна на 15 август. Тогаш првата група граѓани беа евакуирани кон Доха, Катар.

– После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денес, сите наши граѓани се вратени во земјава, нагласуваат од МНР.