Во видеото се гледа како спикерот на информативната емисија е опкружен со вооружени талибанци кои го гледаат што го има да каже.

-Гледајте талибански терористи на авганистански ТВ -станици. Тие се таму за да се погрижат ТВ презентерите да не кажуваат лоши работи за групата и исламот. Ако некој или водителот каже нешто лошо, тогаш ќе ги стрелаат!, напишал тој.

Патем, од доаѓањето на власт, Талибанците се заколнаа дека ништо нема да се промени во известувањето на медиумите и дека жените сепак подеднакво ќе можат да работат и да известуваат.

Сепак, тие на малата врата и во најголема тишина, се отстранети од малите екрани. Дека се` нема да биде исто, може да се види од упатствата како во иднина да известуваат за талибанците и владата.

После сето тоа, на ред дојдоа радиостаниците, каде музиката што не е религиозна или антиисламска била укината.