Така, „Хелга“ сега работи со вештачка интелигенција и може да учествува на часовите… Поточно – како професор.
– Роботот „Хелга“ е проект за којшто сум исклучително горда. Потребни беа многу напор и работа… Дури 13 часа во училиште, повеќе од шест месеци, за да се направи правилно. Се управува со далечински команди, преку вештачка интелигенција и „вештачките сетила на Интерфејсот“, рече Милкица за Рина.
Во тој потфат на наставничката ѝ помогнаа и учениците, за кои, како што велат, ова било неверојатно искуство.