На 02.09.2021 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Охрид, мотоцикл „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од М.Ц.(43) од Струга, удрил во малолетен пешак од Охрид.
– Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“-Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.