-СДСМ стана приватна компанија во која не вирее демократија, во која султанизмот на Заев е над се, а лагите им се за добро утро. Затоа паѓа рејтингот на партијата, а коалицијата им се растура. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го говорат нивните членови и коалициски партнери. Затоа на овие избори од СДСМ се одвои ДОМ и ЛДП, затоа партијата на Колашинац најави самостоен настап, затоа независни кандидати се Максим Димитриевски во Куманово и Зоран Ногачевски во Дебарца. Од Заев веќе сите почнаа да бегаат, а допрва ќе бегаат после изборниот пораз, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат:
„Што се однесува до лагите кои ги лиферува СДСМ преку Васев, се истите оние за кои платија милиони да ги објават на билборди. Но сепак свесните граѓани не потпаѓаат на ваквите невистини па во тоа препознаа лажна вест и за тоа како ВМРО-ДПМНЕ сме им многу благодарни“.